Makfaks

21 февруари 2012 - 01:35 PM

Медведев на заминување: надворешнополитичките постигнувања

Иако до претседателските избори повеќе од една недела, а до инаугурацијата на новиот претседател и повеќе од два месеца, сепак веќе може да се направи анализа на резултатите од претседателствувањето на Дмитри Медведев.

Иако до претседателските избори повеќе од една недела, а до инаугурацијата на новиот претседател и повеќе од два месеца, сепак веќе може да се направи анализа на резултатите од претседателствувањето на Дмитри Медведев.  Во моментов фокусот е на неговиот ментор и најверојатен наследник, Владимир Путин, кој даде бројни политички изјави како дел од неговата неуморна претседателска кампања, вклучувајќи ја и надворешната политика, што не беше дел од неговите должности како премиер.

Меѓу најударните точки од надворепната политика на Медведев се новата иницијатива за европската безбедносна архитектура, покрената во текот на неговата посета на Германија во јуни 2008 година, само еден месец откако ја презема функцијата, петдневната војна со Грузија подоцна истата година, изјавата која произлезе од војната за „сфера на привилегирани интереси“ и признавањето на Абхазија и Јужна Осетија. Гасната војна со Украин аостави дел од Европа без греење насред зима, но потоа Русија го потпиша договорот „Гас за флота“, според кој ги намали цените  на гасот за Украина во замена за продолжување на престојот на руската Црноморска флота на Крим.

Русија, исто така, обезбеди продолжување на своето воено присуство во Ерменија и работи на договор за Нагорни Карабах. Кремљ му се приклучи на Вашингтон во напорите да се „ресетираат“ биилатералните односи и го потпиша новиот договор СТАРТ за намалување на стратешкото нуклеарно вооружување. Медведев го поништи договорот за испорака на ракетните системи за противвоздушна одбрана „С-300“ на Иран, што не мина добро кај руската одбранбена индустрија.

Меѓу другите надворешнополитички достиогнувања на Mедведев се вбројуваат изострениот фокус врз Кина и другите азиски земји и идејата за покренување на огромен енергетски проект со кој би се решил корејскиот проблем. Медведе размени остри зборови со украинскиот претседател Виктoр Јушченко и со белорускиот лидер Александар Лукашенко, против кого покрена и медиумска војна. Неопчекувано, Русија, ја одобри воената интервенција врз Либија, но подоцна соопшти дека тоа било грешка. Посетата на Медведев на Јужнокурилските острови предизвика силно заострување на односите со Јапонија.

Неговите индиректни политички постигнувања ги вклучуваат Царинска унија помеѓу Русија, Белорусија и казахстан и напредок во односите со Полска, иако Путин многу повеќе придонесе и за двете.

Секоја што ја анализира руската активност од пролетта 2008 година до есента 2011 година треба да запомни дека надворешната политика не беше обврска само на Медведев, туку заеднички напор на владејачкиот тандем, дури и иако Путин остана зад завесата во поголемиот дел од овој период.

Повнимателен поглед на руската надворешна политика води кон парадкосен заклучок. Медведев, со неговата пријателска насмевка и промодернизациска реторика, толку приемчива за Европа и САД, беше нашироко сметан за прозападен политичар. Сепак, Русија одвај да направи некаков напредок на „западниот фронт“, додека нејзините антизападни или алтернативни политики се покажаа како многу поуспешни.

Единствен исклучок е политиката на „ресетирање“, која беше прилично успешна со оглед на ограниченоста. Нејзината цел беше да ги нормализира односите со САД, кои беа сосема заглавени по двата претседателски мандата на Џорџ Буш. Оваа цел е постигната, заедно со другите прашања содржани во оригиналната агенда: договорот за транзит на снабдувања кон Авганистан, санкциите врз Иран, новиот договор СТАРТ, па дури и приемот на Русија во Светската трговска организација. Политиката на „ресетирање“ немаше за цел да воспостави нов модел за билетарлните односи, не се очекуваше никакво чудо. Наредните администрации на Русија и на САД ќе мора да почнат од пшочеток, иако не сосема од нула.

Руските односи со НАТО и особено со Европската унија исто така не се покажаа како некој голем успех. Иницијативата за европска безбедност беше само небитен елелемнт од бескрајната игра со Европа, што бргу заминува на стратешката периферија. Неефективното Партнерство за модернизација и одбраната на Европа од балистички проектили никогаш не заживеаја. Што е уште полошо, дискусиите за одбраната од балистички проектили постигнаа некаков, минирен резултат - многу недвосмислено негативен.

Од друга страна, ЕУ и и европскиот дел од НАТО во моментов не се расположени за големипроекти, поради тековните финансиски проблеми. Кон крајот на мандатот на медведев, стана јасно дека односите со ЕУ се далеку од неутрални, како што покажа и координираниот напад на ЕУ врз Газпром, растечкиот ривалитет околу гасоводите и политичките разлики околу Сирија.

Најуспешниот потег на Русија во нејзините односи со Западот излезе дека е војната во Јужна Осетија, која исто така ги привлече и најжестоките критики. И покрај првичниот шок на Западот и заканите за изолација, способноста на Русија да си ги покаже мускулите толку бргу делуваше многу отрезнувачки врз руските партнери, па дури спречи и одложување на некои билатерални проекти. Од оваа гледна точка, војната со Грузија се покажа акко најголем надворешнополитички успех на Медведев, иако е целосно спротивна на неговиот јавен имиџ.

Русија, исто така, беше успешна и во Азија и сега размислува за подготовка на темелна стратегија, коуја би ги искомбинирала обновувањето на руските позиции во азиско-пацифичкиот регион со развој на рускиот Далечен исток. Проектот за Транскорејски гасовод е дел од сосема новата парадигма, а посетата на медведев на Куриските острови сигнализираше дека Русија нема да се откаже од своето место во Азија и беше упатен многу повеќе кон Кина, отколку кон Јапонија., иако се чини дека Москва има одлични врски со Пекинг.

Медведев воспостави политика која ќе продолжи под водството на Путин: руската трансформација во  сила со регионален фокус, иако регионот во овој случај е Евроазија, со што добива глобална димензија. Други потези кој спаѓаат во оваа категорија се прогласувањето на зона на привилегирани интереси (што значи дека интересите не се глобални, како што размислуваа Советскиот сојуз и САД, туку имаат јасно обележани граници), руското детачиран став за Либија и растечките напори да зашивеат постсоветските органнизации како што се царинската унија, Организацијата на безбедносниот договор на слободната трговска зона на Заедницата на независни држави. Русија ги ограничи своите интереси долж своите граници, а сите други прашања ги користеше како коцкарски жетони. Оваа политик атукушто започна, но ефектите од неа веќе се чувствуваат.

Периодот по војната со Грузија, каоја беше задоцнето засттранување од политиките на Путин, најдобро може да се опише како стабилизација нанадворешната политика. Тоа беше логична пауза, бидејќи до есента 2008 година Русија ги потроши си можнопсти за политичко заздравување од по падот на Советскиот сојузи и требаше време за да ги ревидира своите постигнувања и да ги офрмулира новите цели. Овој процес се уште не завршен и Путин ќе мора да го засили.

Покрај Евроазиската унија, претседателскиот кандидат Путин се уште нема јавно излезено со другите свои надворешнополитички цели. Неодамнешната средба на Путин со политичките аналитичари покажа дека тој се уште е многу емотивен во врска со односите со САД. Четиригодишната пауза кога медведев беше одговорен за руската надворешна политика не ги ублажија чувствата на Путин кон „диктатите и ароганцијата“ на Вашингтон.

Овој емоционален и персонален фактор - Путин многу стори за да се развијат взаемно благопријатните деловни односи со САД, но постојано наидуваше на јасното немање волја Русија да се прифати како еднаков партнер  - сериозно ќе влијае на руско-американската агенда. Поради овој фактор на лично незадоволство, се чини дека САД не се вклопуваат во надворешната политика на Путин, која во целост е многу попрагматична и помудра. /крај/global affairs/сс/

Copyright 2012 Makfax. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Makfax.


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Џена Талакова прват...

  • Photo Story

    „Квадрил“ на плошта...

  • Photo Story

    Македонската владин...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Шан...

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари