Makfaks

21 февруари 2012 - 08:14 AM

Белград и Приштина ќе разговараат за учеството на Косово на регионалните форуми

Преговорите за техничките прашања меѓу Србија и Косово продолжуваат во вторникот во Брисел, по две ипол месечна пауза, а главна тема ќе биде учеството на косовските претставници на регионалните средби.

Преговорите за техничките прашања меѓу Србија и Косово продолжуваат во вторникот во Брисел, по две ипол месечна пауза, а главна тема ќе биде учеството на косовските претставници на регионалните средби.

Новата рунда преговори ќе се одржи непосредно по референдумот на косовските Срби, коишто на 14-ти и 15-ти февруари ги отфрлија наделжностите на албанските власти во Приштина во северниот дел од Косово, населен претежно со срспко население. Иако спроведувањето на референдумот не беше поддржано ниту од Белград ниту од Приштина, како ни од меѓународната заедница и не е на дневен ред на разговорите во вторникот, последните случувања може да влијаат врз атмосферата на состанокот на двете делегации. Според официјалните процени на Белград,референдумот на косовските Срби им задал удар на позицииите на Србија.

Според дипломатски извори, главната тема на новиот круг преговори меѓу Белград и Приштина, ќе биде регионалната соработка, којашто претпоставува регулирање на прашањето на учеството на Косово во мултилатералните средби. Во Брисел, исто така, ќе биде дискутирано и за спроведувањето на претходно постигнатите деоговори.

Според дипломатски извори од Брисел, иако средбата е планирана да се одржи во еден ден, во зависност од текот на преговорите, таа може да биде продолжена и во средата, пренесуваат белградските медиуми.

Властите во Белград од самопрогласувањето на независноста на поранешната српска покраина Косово на 17-ти февруари 2008 година од страна на албанските власти, одбиваат да учествуваат на регионални и меѓународни состаноци, доколку косовските лидери на нив се поканети како претставници на независна држава. Белград во неколку наврати изјави дека Косово на меѓународната сцена може да го претставува само администрацијата на Обединетите нации преку мисијата УНМИК, во согласност со резолуцијата 1244 од 1999 година, којашто тогаш го потврдуваше територијалниот интегритет на тогашна СР Југославија (Србија и Црна Гора), во чиј состав влегуваше и Косово. Приштина, пак, инсистира на употребата на терминот „Република Косово".

Неодамна имаше сигнали дека двете страни успеале да ги доближат ставовите по прашањето за учеството на Приштина на регионалните форуми. Така, приштинските медиуми пишуваат дека косовските власти се согласиле на повикувањето на резолуцијата 1244 на ОН, под услов истовремено да може тие да се повикуваат и на декларацијата за независност донесена од косовскиот парламент од 17-ти февруари 2008 година.

Шефот на српската делегација на разговорите со косовските власти, Борислав Стефановиќ, изјави дека Белград би прифатил „асиметричен модел".

Стефановиќ, цитиран од белградската агенција Бета, вели дека основа за постигнувањето договор може да биде алудирањето на резолуцијата 1244, како и на советодавното мислење од Меѓународниот суд на правдата во Хаг од 2010 година за тоа дека декларацијата за независност од страна на Косово не е во спротивност со меѓународното право. Притоа, Стефановиќ истапува против споменувањето само на косовската декларација за независност.

„Гласот на Приштина треба да се слушне, но не како независна држава", вели Стефановиќ.

Од Приштина, пак, доаѓаат други изјави, па така, според телвизијата KTV, косовскиот премиер Хашим Тачи во понеделникот изјавил дека „Косово отсега ќе биде претставувано на регионалните иницијативи со декларацијата за независност, советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата и со резолуцијата 1244".

Досега владата на Тачи ја нарекуваше резолуцијата 1244 застарена, којашто го изгубила своето значење по прогласувањето на независноста.

Посредникот на Европската унија во дијалогот меѓу Србија и Косово, Роберт Купер, изјави ден пред состанокот дека „регионалната соработка е исклучително важна". Според него, „целосното учество на Косово во регионалната соработка ќе ја направи поефикасна".

Дијалогот меѓу Белград и Приштина започна во март минатата година, со посредство на ЕУ, со цел да се надминат секојдневните проблеми на граѓаните и приближување на регионот до Унијата. Претходните рунди на преговори се одржаа на 8-ми и 9-ти март, на 28-ми март, на 15-ти април, на 17-ти и 18-ти мај,на 2-ри јули, на 2-ри септември , на 21-ви и 22-ри ноември, на 30-ти ноември и 2-ри декември. Двете страни последниве месеци постигна договори за слобода на движењето на луѓе и стоки, размена на копии на катастарските и матичните книги, признавање на царинските печати, на универзитетските дипломи, како и за заедничка контрола на граничните пунктови на административната граница меѓу Србија и Косово, но овие договори, всушност, не се сѐ уште имплементирани.

И Србија и Косово се стремат кон членство во ЕУ. Во октомври Европската комисија препорача на Белград да му се даде статусот официјален кандидат за членство во Унијата. Меѓутоа, на декемврискиот самит на ЕУ не беше донесена одлука по тоа прашање. Од Брисел неколкупати соопштија дека започнувањето на преговорите за пристапување на Србија кон ЕУ ќе зависи од напредокот во решавањето на нејзините односи со Косово. Според експертите, нерешеното прашање на Косово, чија независност е призната од 22 од 27-те членки на ЕУ, ја усложнува интеграцијата на регионот во Унијата./крај/рн/бт/сн

 


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Џена Талакова прват...

  • Photo Story

    „Квадрил“ на плошта...

  • Photo Story

    Македонската владин...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Шан...

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари