Makfaks

20 февруари 2012 - 05:59 PM   од   Александар Чочевски

Нимиц: Спорот со името е прашање на светската безбедност

Медијаторот во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц, по денешните средби со државниот врв во Скопје побара што поскоро надминување на спорот со името, бидејќи, како што посочи, тоа е во интерес на регионот и е прашање на светската безбедност.

Медијаторот во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц, по денешните средби со државниот врв во Скопје побара што поскоро надминување на спорот со името, бидејќи, како што посочи, тоа е во интерес на регионот и е прашање на светската безбедност.

Во разговорите со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и шефот на дипломатијата Никола Попоски препознал искрена желба за конструктивни разговори со Грција.

„Премиерот, другите членови на владата и претседателот ги нагласија позициите на властите во оваа фаза во врска со ова тешко прашање. Ги слушнав нивните јасни позиции. Тие изразија многу искрена желба да се реши прашањето и да имаат здрави, конструктивни разговори со нивниот јужен сосед. Ќе ја пренесам оваа желба на владата во Атина кога ќе бидам таму. Ја изразив потребата на меѓународната заедница и на Обединетите Нации за надминување на оваа прашање што е можно поскоро. Ова е регионално прашање, ова е прашање на светската безбедност. Од голем интерес е за Европа и за САД и што поскоро се реши, повеќе прогрес ќе може да биде направен за многу други прашања. Со нетрпение очекувам да видам дали ќе можеме да ги забрзаме овие разговори на конструктивен начин“, рече Нимиц по попладневната средба со премиерот Груевски.

Објасни дека не донел нов предлог, но разговорите ги окарактеризира како продлабочени.

„Не ставив ништо на маса. Но, ова беше повеќе од само утврдување на фактите. Имавме продлабочени разговори за позициите и за најдобрите начини за да се придвижи процесот напред“, рече Нимиц.

„Никогаш не поставувам крајни рокови за тоа кога давам сугестии. Давам сугестии во момент кога мислам дека е корисно во овој процес, кој, за жал, се одвива долго време. Како претставник на ОН сметам дека нема корист од давање предлог ако не е вистинско време за тоа. Ќе го дадам моето мислење за тоа по разговорите во Атина и преку контакт со двете
страни за тоа што е најдобро да се направи во следните неколку месеци“, објасни медијаторот.

Директно не ја коментираше одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, но порача дека Времената спогодба е договор кој двете страни треба да го почитуваат.

„Одлуката на Меѓународниот суд на правдата е одлуката е одлука сама за себе и не морам да ја коментирам. Времената спогодба е спогодба меѓу двете страни. Има многу одредби, има многу факти и верувам дека партиите треба да ја почитуваат“, рече Нимиц.

Прашан за опсегот на разговорите меѓу Македонија и Грција, јасно порача дека тие се однесуваат на името на државата, а не на идентитетски прашања.

„Дозволете ми да ви кажам како јас гледам на целта на разговорите. Според резолуциите на ОН и членот 5 на Времената спогодба, прашањето е за името на државата, бидејќи името на државата е тоа што се користи во Обединетите Нации. Нема ништо во резолуциите или во времената спогодба за идентитетот на народот. Моето гледиште е дека народот на оваа земја имаат идентитет, нивно е да го утврдат својот идентитет. Не е мое да утврдувам нечиј идентитет. Ова не е прашање за идентитетот на народот, туку е прашање за името на државата согласно резолуциите на ОН и членот 5 од времената спогодба“, изјави Нимиц.

Предвидено е медијаторот в среда да замине во Атина на средби со грчкиот државен врв. /крај/мф/ач


Copyright 2012 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.

  vote_up0     vote_down0

0 коментари

Медиа

  • Photo Story

    Џена Талакова прват...

  • Photo Story

    „Квадрил“ на плошта...

  • Photo Story

    Македонската владин...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Шан...

  • Photo Story

    Министерот за надво...

  • Photo Story

    Средба на премиерот...

  • Photo Story

    Првата детска амбас...

  • Photo Story

    Започна месецот на ...

  • Photo Story

    Бизнис форум во Пек...

  • Photo Story

    Хепенинг во скопски...

  • Photo Story

    Ново живеалиште за ...

  • Photo Story

    Протести против пол...

  • Photo Story

    Запален Олимпискиот...

  • Photo Story

    Се сруши руски авио...

 

 За да оставите коментар, потребно е да сте регистриран корисник

 

Нема коментари